Thursday, September 29, 2016

Декадентен колач



Потребни состојќи:
- 270 г. Бисквити (по можност со чоколадо)
- 150 грама стопен путер
- неколку мали лажици какао
- брусници
- слатко млеко
- бадеми
- кокос
- чоколадо
- слатко кондензирано млеко

Подготовка 

Ги мелеме (во блендер) бисквитите и потоа го додаваме путерот (стопен) и пак мелеме. Додаваме какао и пак мелеме. Ја ставаме смесата во тава обложена со хартија за печење. Сипете: една шолја исечкани бадеми, шолја рендан кокос, шолја сушена брусница (или суво грозје), една шолја исечкана чоколада. Се прелива со слатко кондензирано млеко. Се пече 20 минути на 160 степени.


Американски колачиња - Cookies


Потребни состојки:
- 125 грама шеќер
- 200 грама црно чоколадо
- пола кесичка прашок за пециво
- 200 грама маргарин
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 300 грама брашно
- 1 јајце

Подготвување:

1 јајце се мати со 125 грама шеќер додека не се стопат заедно.

Се додава пола маргарин (100 грама) и смесата се изедначува. Откако ќе се добие хомогена смеса, во неа се додава 300 грама брашно, прашак за пециво, еден ванилин шеќер и 150 до 200 грама црно чоколадо исечкано на мали коцкички.

Сето тоа се замесува како во тесто, по потреба се додава уште малку брашно, за да се направат топчиња од смесата.

Топчињата се ставаат во претходно подмачкан плех со маргарин, малку разделени меѓу себе.

Се пече 15 минути во претходно загреана рерна на 200 степени (колачињата да добијат темно жолта боја).

Уживајте!