Thursday, September 29, 2016

Американски колачиња - Cookies


Потребни состојки:
- 125 грама шеќер
- 200 грама црно чоколадо
- пола кесичка прашок за пециво
- 200 грама маргарин
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 300 грама брашно
- 1 јајце

Подготвување:

1 јајце се мати со 125 грама шеќер додека не се стопат заедно.

Се додава пола маргарин (100 грама) и смесата се изедначува. Откако ќе се добие хомогена смеса, во неа се додава 300 грама брашно, прашак за пециво, еден ванилин шеќер и 150 до 200 грама црно чоколадо исечкано на мали коцкички.

Сето тоа се замесува како во тесто, по потреба се додава уште малку брашно, за да се направат топчиња од смесата.

Топчињата се ставаат во претходно подмачкан плех со маргарин, малку разделени меѓу себе.

Се пече 15 минути во претходно загреана рерна на 200 степени (колачињата да добијат темно жолта боја).

Уживајте!






6 comments: